Хан: Брисел ги сака земјите од Западен Балкан во ЕУ

0
38

Брисел сака земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската унија, а една од клучните причини за ова е младите луѓе да останат во своите земји и да не ги напуштаат, порача во Трст, европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Говорејќи на самитот на лидерите на „западнобалканската шесторка“, кој се одвива во рамките на Берлинскиот процес, Хан рече дека тоиа би ги намалило тензиите од минатото, а задачата на политиката, како што вели, е да обезбеди рамка, додека одговорноста за економско поврзување е на бизнис заедницата.

Истакнувајќи ја важноста на регионот на Западен Балкан со 20 милиони потрошувачи за економијата на ЕУ, Хан рече дека во изминатите 10 години, трговијата меѓу ЕУ и земјите од регионот изнесува 44 милијарди евра.

„Овде сме да видиме што е направено досега во рамките на Берлинскиот процес и да ги утврдиме натамошните задачи. Она на што мора да работиме е младите луѓе да останат во регионот. Тоа е начин да се отстранат сите тензиите од минатото и да се создадат услови за нивно останување  за да го делат знаењето меѓу себе“, рече Хан.

Важно е, рече Хан, економиите да се поврзуваат бидејќи тоа ќе придонесе за побрза интеграција на овој дел од Европа во ЕУ.

„Политиката создава рамки, а задача на бизнис заедницата е да работи на конкретно поврзување“, изјави европскиот комесар.

Градоначалникот на Трст Роберто Дипиажа потсети дека градот бил „супермаркет“ за земјите од Западен Балкан, додека Микеле Сканави од италијанската агенција за трговија „ICE“, рече дека трговската размена помеѓу Италија и регионот е 7,5 милијарди евра – четири милијарди е извозот во балканските држави, а увозот во Италија е околу 3,5 милијарди долари.

„И реков на нашата дипломатија дека овој самит, и бизнис-средбите не треба да бидат само желби, туку мора да произведат конкретни резултати. Во нашиот национален интерес е земјите од Западен Балкан да се приклучат кон Европската унија“, рече Сканави.

Протекционизмот и затворање на границите, вели тој, не е решение, и истакнува дека само со интеграции ќе се зачува мирот и стабилноста во регионот.

Посебни квалитети, истакна а учесниците, во претпладневниот дел од бизнис форумот, обезбедува вклучувањето на бизнис заедницата, 70 компании од регионот, кои имаат Б2Б разговори по сектори, пред се во инфраструктурата, градежништвото, иновации, енергија и заштита на животната средина.

Од самитот во Трст се очекува позитивен напредок во процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан и ЕУ, каде што на иста маса, по четврти пат во контекст на процесот што започна во Берлин во 2014 година, се најдоа лидерите на шест држави од Западен Балкан, претставници на институции и официјални претставници на ЕУ од шест земји-членки на ЕУ – Австрија, Хрватска, Франција, Германија, Словенија и Италија.

Суштината и целта на Берлинскиот процес и на иницијативата на германската канцеларка Ангела Меркел е во најкраток: стабилност, економски просперитет и европски пат за регионот: низ цврсто меѓусебно поврзување, зајакнување на регионалната соработка како основа на процесот за стабилизација и асоцијација со Европската унија и регионален развој со реализација на сосема конкретни заеднички инфраструктурни и други развојни проекти.

Ниту една дипломатска иницијатива во Западен Балкан не придонесе толку многу како Берлинскиот процес  за подигање на свеста за потребата од соработка во регионот, посилни економско, инфраструктурно и бизнис вмрежување,  и негово значење за економскиот раст и развој, подобрување на конкурентноста на нашите економии и европска перспектива на западнобалканските економии, оценето е во Трст.

Во таа смисла, Берлинскиот процес  освен политичката димензија, во чија основа е ревитализација на меѓувладините односи и решавање на отворените прашања, има и се посилна економска димензија. Таа, со подобро сообраќајно поврзување, треба, преку регионална економска интеграција и конкретни проекти, да создаде услови за повеќе трговија, инвестиции и нови работни места во регионот. За тоа дополнително ќе придонесе реализацијата на Повеќегодишниот акционен план за регионален економски простор чие усвојување се очекува на самитот во Трст и во чие создавање учествуваа и членови на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР