Импресум

Менаџер: Филип Спировски

 

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ТЕКСТОВИ НА TEXT.MK

Бесплатно преземање на содржини од TEXT.MK надвор од овие услови е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на TEXT.MK, односно со одговорниот уредник.

Дозволено е бесплатно преземање на вести, извештаи и други написи од TEXT.MK, само под следните услови:

– дозволено е да се преземе најмногу 30 % од содржината на текстот

– на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во TEXT.MK

– ако текстот е потпишан од конкретен автор од TEXT.MK, во преземениот текст задолжително треба да се наведе името на авторот

– насловот на текстот задолжително треба да почне со зборот TEXT.MK и со интерпункцискиот знак две точки (на пример, „TEXT.MK: Си заминувам од Македонија!“)

Забрането е бесплатно да се преземаат колумни објавени на TEXT.MK, освен во непосреден договор со одговорниот уредник на TEXT.MK. Без таков договор, дозволено е бесплатно да се објави само извадок од колумна, при што:

– извадокот од колумната може да биде долг најмногу 15 реда од оригиналната објава во TEXT.MK

– насловот на извадокот задолжително треба да почне со фразата која го содржи името на авторот на колумната и зборовите „за TEXT.MK“, по што следи интерпункцискиот знак две точки (на пример, „Саватиа за TEXT.MK: Природата е наша мајка“)

– на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целата колумна прочитајте ја тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во TEXT.MK

Тој што ќе објави колумна надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на TEXT.MK да му исплати надомест од 9.000 денари за една колумна. Издавачот таа сума целосно ќе му ја исплати на авторот на колумната.

За прекршувања на овие услови, издавачот на TEXT.MK го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.

Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата затоа TEXT.MK не сноси одговорност за содржината на истите.

Контакт:
Никола Вапцаров бр 8-1/7, Скопје

Имејл:
text-mk@t.mk

TEXT.MK e нов медиумски простор каде што професионалните новинари ќе можат слободно да го кажат своето мислење, без да бидат иснтрумент на политичките партии, политичарите, олигарсите.

ТЕХТ.МК  е портал каде секој ќе може да си ја каже својата вистина.

ТЕХТ.МК е медиумски простор што собра неколкумина поискусни новинари кои имаат желба и сакаат да покажат дека во Македонија новинарството има иднина и може да биде нецензурирано, објективно и навремено.

ТЕХТ.МК ќе се обиде да биде Ваш неразделен пријател 24 часа во денот, бидејќи нашата цел е да имаме интеракција со Вас …