Како да дознаете дали јајцето е расипано или не?!

0
222

Пред Велигден сите сме заинтересирани како да набавиме тазе јајца за да можеме фамилијарно да уживаме во кршењето јајце, а при тоа да не му ја мислиме дали некое од јајцата е расипано.

Затоа ви предлагаме да го направите овој бесплатен трик на време, тој ќе ве предупреди дали јајцето е расипано. Најлошото нешто што може да се случи е да дознаете дали јајцето е расипано или не, дури откако ќе го скршите.

Ставете го јајцето до увото и протресете го. Ако слушнете звук на тресење, тогаш јајцето дефинитивно е расипано и не треба да го кршите, бидејќи ќе ја засмрди целата куќа и ќе го загрози здравјето на луѓето.

Треба да знаете колку е постаро јајцето, толку влагата и јаглерод диоксидот „протекуваат“ преку лушпата, и жолчката и белката од јајцето почнуваат да се намалуваат, а „воздушниот џеб“ во внатрешноста на јајцето станува се поголем. И, колку е поголем „воздушниот џеб“ јајцето има повеќе простор да се движи во внатрешноста на лушпата и да произведува звук кога се тресе. Свежите јајца не треба да произведуваат било каков звук.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР