Леброн Џејмс го престигна Џордан на листата на најдобри стрелци во НБА

0
77

Единаесет години по својот деби настап за „Кливленд Кавалирс“, Леброн Џејмс синоќа стана најдобар стрелец на сите времиња во плејоф натпреварите во северноамериканската НБА лига. Кошаркарот на „Кливленд Кавалирс“ го презеде првото место на листата на најдобри плејоф стрелци откако синоќа во финалето на источната конференција против Бостон постигна 35 поени, и на листата на најдобри стрелци го престигна големиот Мајкл Џордан, кој рекордот го држеше 19 години.

Џејмс во натпреварите од плејофот постигна 5.989 поени, додека Џордан во својата величенствена кариера запиша 5,987 поени, пренесе „NBA.com“. Џејмс овој учинок го постигна во 212 натпревари на плејофот, а Џордан го направи тоа после 179 натпревари.

Табела на најдобрите стрелци во НБА:

  1. Леброн Џејмс 5989 поени
  2. Мајкл Џордан 5987
  3. Карим Абдул-Џабар 5762
  4. Коби Брајант 5640
  5. Шекил О’Нил 5250
  6. Тим Данкан 5172
  7. Карл Мелоун 4761
  8. Џери Вест 4457
  9. Тони Паркер 4012
  10. Лери Бирд 3897

Пред синоќешниот натпревар против Бостон, Џејмс рече дека ќе му биде голема чест кога ќе го престигне Џордан во оваа категорија, но дека тоа не одредува „кој е тој како играч“.

– Јас секогаш велев, секогаш кога ќе се поврзете со некој од великаните, особено кога станува збор за најголемиот од најголемите, за мене е тоа голема чест. Тоа е награда за се што имам направено во овој спорт – изјави Џејмс.

Тој веќе има играно во повеќе НБА финалиња од Џордан, но „His Airness“, како што го викаат Џордан, и понатаму води во многу категории.  Џордан освои шест, а Џејмс три национални титули, пет награди за најкорисен играч (МВП) се во рацете на Џордан, додека Џејмс има четири. Џордан во кариерата десет пати беше најдобар стрелец во регуларниот дел од сезоната, а Џејмс еднаш.

Џејмс е на третото место во категоријата на асистенции во плејофот, веднаш зад Меџик Џонсон и Џон Стоктон. Втор е во категоријата на украдени топки, зад Скоти Пипен.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР