„Мајкрософт“ отпушта илјадници вработени низ светот

0
39

Американскиот гигант „Мајкрософт“ ќе подели откази низ целиот свет, пренесуваат медиумите, а официјално објавување од компанијата се очекува кон крајот на оваа недела. Се додава и дека бројот на отпуштени работници може да биде меѓу најголемите во последните неколку години.

Ова не е прв пат „Мајкрософт“ да одлучи значително да го намали бројот на вработени. Во средината на 2015 година, компанијата елиминираше повеќе од 18.000 работни места во светот, а последните отпуштања компанијата ги спроведе на крајот од минатата година, кога без работа останаа 2.850 работници.

Од „Мајкрософт“ сеуште не се огласиле во врска со отпуштањата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР