Мобилните телефони ќе ги полниме само четири пати годишно

0
42

Сосема нов материјал кој ќе се користи за производство на батерии значително ќе ја зголеми должината на нивниот живот – а на задоволство на сите нас. Истражувачки тим на Универзитетот “Мичиген и Корнел” произведе материјал кој го нарекоа „магнетоелектрик мултифероик“ (magnetoelectric multiferroic).

Материјалот е тенок поларен филм, кој ќе им овозможи на уредите да работат на принципот на енергетски удари, наместо континуиран проток на струја. Ова генерално ќе значи дека ќе биде потребно многу помалку енергија за напојување на уреди отколку досега.

Со оваа батерија, на стандарден мобилен телефон ќе му треба 100 пати помалку енергија, што значи дека самото полнење на батеријата ќе се случува многу поретко отколку досега, отприлика четири пати годишно.

Новата батерија, за жал, нема да биде спремна за комерцијално производство пред 2030 година, наведуваат научниците.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР