На југот на Италија беснеат шумски пожари

0
42

Бројни шумски пожари го зафатија југот на Италија, а од Главниот штаб за цивилна заштита се испратени дури 37 барања за помош од воздух во гаснење на пожар, пренесоа италијанските медиуми.

Како што јави агенцијата Анса, најмногу пожари се регистрирани на Сицилија – 11, а потоа и  покраините Лацио, Кампанија, Пуља и Калабрија.

Заканувачките пожари ги зафатија и падините на вулканот Везув. Ситуацијата е најкритична токму во подрачјето во близина на вулканот, а пепелта прекрила и дел од автопатот.

Во Месина на Калабрија, град опкружен со пламен поради што во понеделникот е наредена евакуација на населението, пожарите уништија 2.000 хектари лозја и маслинови градини.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР