Најголем договор на „Ербас“: На Кина и продаде 140 авиони

0
33

Управата на „Ербас“ соопшти дека на кинеската компанија „Чајна авиејшан саплајс“ ќе и продаде 140 патнички авиони. Склучен е договор за продажба на 100 авиони од моделот А320 и 40 авиони А350 XWB. Патничките авиони ќе бидат доставени до кинеската компанија во текот на следните шест месеци.

Том Ендерс, извршниот директор на „Ербас“, за новинарите изјави дека ова е досега најголем договор за продажба на американската компанија. Тој истакна, исто така, дека е многу важно што влегле и на кинескиот пазар.

„Ова е многу важно за соработката што ја имаме со Кина. Ние ќе продолжиме и во следниот период да соработуваме со кинески компании“, рече Ендерс.

Според француските медиуми, цената на 140 нарачани авиони изнесува повеќе од 22,8 милијарди долари.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР