Политиката е к*рва, а политичарите…

2
238

За да не ни биде досадно, Мухамед Зекири, овој пат потпретседателот на СДСМ, со стихови од Куран го повика Алах да ги “реши” хомосексуалците во земјава. Зошто, никој не знае, или барем јас не можам да разберам. Човекот „ничим изазван“,  денеска предизвика милион реакции, за да некаде помеѓу преписките се огласи повторно информирајќи ја јавноста дека има право на личен став. Е да, има право на личен став, и сите имаме, ама изгледа заборава дека кога избрал да биде јавна личност – политичар, пратеник…дека личниот став може да си го чува дома, бидејќи нели јавните личности имаат само јавни ставови, кои ги рефлектираат и ставовите на заедницата од каде доаѓаат…Чинам и Зекири едно време за тоа се залагаше! А и плус, нешто не се совпаѓа со ставот на партијата што ја претставува…

Само колку за потсетување, правата и слободите на индивидуата завршува таму кадешто почнуваат правата и слободите на другите индивидуи. Се до моментот додека почнат да се оспоруваат основните човекови права на цела група на луѓе, почнува дискриминацијата и стигматизацијата на таа заедница. Се надевам Зекири немал таква намера, иако така излезе!

Да не се разбереме погрешно, Зекири секако дека има право на личен став, но верувам дека подобро ќе му биде прво да си направи муабет сам со себе во огледало, да се преслуша што вели и какви импликации ќе има тој негов став врз јавноста…бидејќи таа јавност го донесе на ова место на кое е сега!

Се сеќавам дека беше и најгласен во подршката на Ердоган, кого од неговата партија го споредуваа со македонскиот вожд и кои говореа за неговото владеење како за диктаторско-фундаменталистичка опција…И сега наеднаш, еден нивен висок функционер, плус пратеник имал свој личен став, ама против ставот на партијата што ја претставува…

Ова му иде како она –„сака да се е*е, ама да не му влезе…“

Ама Зекири, изгледа на многумина им „влезе“…

Најгласна во негодувањето е режисерката и активистка за правата на ЛГБТ заедницата, Софија Теодор. Таа меѓу другото вели:

,,Вакво однесување прилега само за во пештера! Зекири очигледно не е за соживот, бидејќи како човек кој до вчера бараше права, денес дискриминира!

И да му појаснам на Зекири дека во брак помеѓу две жени, може да се добијат деца по пат на вештачко оплодување, истото тоа кое што го користат маж и жена во брачна заедница, кога не можат да добијат дете по природен пат.

Јас сум навредена! Член сум на ЛГБТ заедницата и јавно декларирана како дел од неа помеѓу првите во земјава. Очекувам и премиерот да излезе со свој личен став по ова прашање, бидејќи јас гласав лично за него. Прашувам, ова ли е демократија? И зошто било кому, посебно на Зекири би му сметала нечија сексуална определба? ”

Теодор, а и јавноста се прашуваат и кому тоа Зекири му се заканува и која тоа партија него го штити со еден ваков став во кој  тој вели: „Мислете и имајте различен став од мојот, тоа е ваше право, но јавен линч кон мене вам ќе ви наштети, не мене!“

Софија на ова вели: Ова е веќе закана и јас како претставник на ЛГБТ не можам да молчам.

А, не можат да молчат и многумина други, особено не оние кои преку нивните активности го срушија режимот на едноумието и му „ја истрчаа“ и платата и функцијата на Зекири…За политиката често пати велат дека е ку*ва, а може да биде и п*чка…Овој пат изгледа излезе второво…

 

 

2 КОМЕНТАРИ

  1. da se razbereme….ednas zasekogas….nikoj nema pravo da se mesa vo intimnata opredelba na drug.No brak megju isti polovi e tehnicki neizvodliv…OD PROSTA PRICINA STO TOA E POIM za brak MEGJU RAZLICNI polovi….ZNACI TOJ TERMIN E VEKE ODAMNA ZAFATEN.Zatoa ke mora istopolovite da si baraat drug termin{asocijacija..zdruzenie…antihumana zaednica..nevladina….isl.
    za decata…istopolovite ne mozat da gi sozdadat…toa e fakt
    I sto e ova toporenje I vikanje na cel glas..za paradi na gordost…znaci li deka drugite “obicnite”..treba da se sramat?
    no…za se ima resenie….veke niknuvaat kliniki za lekuvanje na takvi otstapuvanja …samo treba da se sfati deka toa e edna od nepravilnite aspekti na zivotot..poagjajki od momentot na ragjanje…nadopolneto so mnogu momenti na ziveenjeto…..znaci Lek najverovatno ima….inaku toa e definitivno eden aspect od programata na samounistuvanje na covestvoto….

  2. mnogu ubavo e objasneto od strana na avtorkata na kolumnata. kako stojat rabotite, bez pritoa voopsto da zazema strana. Citirano, izneseni izjavi, sprotivstaveni mislenja i osuda na govorot na omraza i zastita na coveckite prava. Bravo!

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР