Разбиен меѓународен синџир на трговија со коњско месо

0
101

Околу 66 лица се уапсен откако е разбиен меѓународен синџир на нелегална трговија со коњско месо ширум Европа, објави европската полиција Европол.

Криминалната мрежа е обвинета за продажба на евтино коњско месо како скапо телешко месо. Според претставници на Европол, месото не било за исхрана на луѓето и е третирано со анти-инфламаторни лекови кои се користат за животни.

Холандски трговец со месо, за кого се верува дека е шеф на оваа криминална мрежа, е уапсен во Белгија, наведе Европол. Останатите 65 лица, кои се уапсени во Шпанија, се обвинети за измама и за злодела против јавното здравство.

Скандалот прво изби во јануари 2013 година, кога инспекторите за храна во Ирска пронајдоа коњско месо во готови плескавици во синџирот супермаркети Теско. Во британските медиуми нбрзо се појавија наслови кога тестовите покажаа дека месото продавано во супермаркетите е до 100 проценти коњско месо.

Во текот на летото 2016 година, шпанските власти за заштита на животната средина пронајдоа незаконитости во трговијата со коњско месо, кое е несоодветно означено и извезено. Истрагата доведе до холандскиот трговец со месо, кој ја водел мрежата од Калпе во Алисенте, наведе Европол. Истрагата беше водена од шпанската полиција, кој соработуваше со инспектори во осум земји.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР