Роденден во МКЦ

0
137

Младинскиот културен центар оваа сабота, 16 јануари го слави петтиот роденден, иако оваа институција е востановена пред 43 години. Менито за роденденот оваа година има исклучително широк спектар и ќе се служи во МКЦ и кино Милениум.
Како што е наведено во понудата се:
– ОД ДРУГАТА СТРАНА – 13 македонски бенда кои го слават делото на еден од најзначајните бендови на македонската рокенрол сцена „Падот на Византија“ во сала 25 мај. Настапуваат (по азбучен ред): Аутмајд, бернајс пропаганда, Галатеа (Теа Шалдева), Демек, Мизар, Милко, Мугер Фугер, Новоградска, Пиемџи колектив, Сашко Костов, Телонаука совршена, Темпера, Фулиш Грин.
– ВО ПОТРАГА ПО ЗАЕДНИЧКО ТЛО – Групна изложба на единаесет македонски уметници: Славица Јанешлиева, Маја Кировска, Гоце Наневски, Радмила Ончевска, ОПА (Слободанка Стевческа, Денис Сарагиновски), Нада Прља, Игор Сековски, Борис Шемов, Александар Спасоски, Игор Тошевски, Велимир Жерновски, курирана и организирана од Институтот за култура и уметност Арс Акта. Од Баку, Азејберџан директно во Галерија МКЦ!
– ОБОЖЕНИЕ – Премиера на филм во Кино Фросина. Режијата и сценариото е на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.
– AMPLIDYNE EFFECT – Концерт во Планетариум на Амплидин ефект
– ДИЏЕЈ СЕТ на две кул дами – Христина Шекерова и Виолета Качакова во Кафе Фросина
– ФИЛМСКИ МАРАТОН во Кино Милениум.
И сето тоа, бесплатно! Вие треба само да дојдете, мафини ќе се служат од 20 часот, најавува МКЦ.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР