Шест трикови:  Како да направите совршено пире од компири?

0
224

И покрај лесната и едноставна подготовка, не е тешко да се згреши во правењето добро пире од компири. Затоа е добро да се знае што може да тргне наопаку.

Во прашање се следните шест работи:

-Погрешен вид на компири – Од компири со подебела кора ќе подготвите највкусно пире.

-Сте ги исекле компирите на премногу мали парчиња – Малите парчиња ќе впијат премногу вода за време на готвењето, па нема да бидат многу фини кога ќе почнете да ги гмечите.

-Не сте ја посолиле водата – Солта многу влијае на вкусот, пишува „Фуд нетворк“. Ако сте заборавиле да ја посолите водата, посолете ги компирите малку повеќе по цедењето.

-Сте ги ставиле во врела вода – Компирите треба долго да се варат и се препорачува да се стават во ладна вода. Ако ги ставите во вода што врие, ризикувате надворешноста да се свари подобро од внатрешноста.

-Сте додале студен путер и млеко – Препорачливо е сите состојки што сакате да ги додадете да ги ставите на собна температура кога ќе почнат да се варат компирите. Така ги зголемувате шансите пирето да испадне совршено, бидејќи состојките подобро ќе се соединат. Се препорачува млекото благо да се загрее.

-Премногу долго сте го мателе пирето – Најлошото што може да се случи е пирето да стане лепливо. Ова обично се случува кога премногу долго го матите со миксер пирето, или сте го ставиле во блендер што не се препорачува. Компирите е најдобро да ги гмечите со вилушка, полека додавајќи ги состојките и лесно мешајќи, а потоа се соединете со пасатор.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР