Шумски пожари беснеат во Црна Гора и Хрватска

0
21

Шумски пожар од поголеми размери избувна утрово меѓу Кртол и Доњи Грбаљ, односно меѓу општините Тиват и Котор. На ртот Весло во општина Тиват евакуирано е населението. Пожарот во Бигови е релативно стабилен, пожарот на Грабовац за сега се заканува објекти. Околу 100 туристи беа евакуирани од ртот Весло, на полуостровот Луштица, кој беше зафатен од пожарот, а оганот се заканува на домовите, соопшти Одделот за спасување на Општина Тиват.

Пожарникарите спасуваа куќи и луѓе, а од три часот утринава, кога избувнал пожарот, евакуирани се над 100 лица, а околу дваесетина луѓе, претежно мештани, не сакаат да ги напуштат своите домови.

Населението со траекти и чамци е евакуирано до Роса. Во спасувањето се вклучени Управата за поморска безбедност на Бар, поморски единици на МВР на Црна Гора, како и приватната компанија “Бока пилот”, рече директорот на Управата, Сафет Кочан, кој исто така е вклучен во спасување и евакуација, пренесува Радио Тиват.

Припадници на службите за заштита и спасување на Бар, Будва и Улцињ, успеаја околу 20:30 да стават под контрола голем пожар што од 17:30 избувна на Голо Брдо. Пожарот уништи борова шума. Со пожарот се уште се борат повеќе од 20 возила и 50 пожарникари. Во Подгорица синоќа гореше на 34 места.

И Хрватска годи на повеќе места. Поради пожарот што избувна по полноќ во Тугаре во близина на Омиш и се прошири во Срињине кон Сплит за сообраќај е затворен патот Срињине-Ситно Доње, соопшти сплитската полицијата. Сплитските пожарникари повикот за пожар го добиле 42 минути по полноќ. Во гаснење на пожарот се вклучени сите доброволни противпожарни одделенија на подрачјето на Сплит, Солин, Каштел, Трогир и Омиш, со 32 возила и 109 пожарникари.

Гори борова шума, грмушки и трева. Иако е побарана помош од воздух, канадерите сеуште не може да полетаат, поради силниот ветер кој со денови дува во оваа област. Нема информации за повредени лица ни материјална штета, а во опожарената област има и итни медицински екипи. Поради пожарот е исклучен далноводот во регионот.

Половина час подоцна пожар се разгоре и во Богомоље на островот Хвар, каде што гори густа борова шума. Пожарот го гасат три волонтерски противпожарни друштва од островот, а им помагаат и воздухопловните сили.

Пожарникарите се борат со голем пожар што избувна во Циста Прово во неделата наутро. Околу сто пожарникари од подрачје на Сплитско-далматинската жупанија вложија натчовечки напори за запирање на огнената стихија. Во неделата вечер силна бура го рашири пожарот на просторот на Катун во општина Шестановац и напредуваше до селата Мерчепи, Балиќи и Смиловиќи. Изгореа околу осумстотини хектари шума и мали грмушки.

Огнената стихија во неделата вечер се протегаше во должина од околу шест километри и во ширина од два и пол километри. Цел викенд пожарникари се борат со пожари долж Јадранот. Гореше од Истра до Сплит. Најмногу пожари избувнаа во Задарската жупанија, а најлошото беше во Бродарица во близина на Шибеник, каде што луѓето плачејќи ги напуштаа своите домови, бидејќи огнот ја загрози населбата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР