Сите ЕУ членки со ознака за минимално траење на уредите

0
48

Кон програмиран рок на траење прибегнуваат многу производители за што е можно поскоро повторно да ве доведат во својата продавница по нова машина за перење и нов телевизор. Речиси нова машина за перење може многу брзо целосно да откаже. За сервисерите тоа е секојдневна глетка, бидејќи животниот век на апаратите за домаќинство е скратен.

Поправките се скапи и често нема достапни делови, така што корисниците немаат друг избор освен да купат нов уред. Постои сомнеж дека, на пример, машините за перење се програмирани на точно одреден број вртења, телевизорите во одреден број на работни часови, а принтерите за печатење на одреден број на страници.

Уредите се пократкотрајни, но, исто така, понапредни.

„Многу работи не можеа, со многу програми и имаа поинаков начин на работа. Денес технологијата е толку напредна што има на пр. поголема ефикасност и пониска потрошувачка на енергија и природно е таквите уреди да се чувствителни“, објаснува Кристијан Паскутини, шеф на оддел за техника.

Сепак, Европскиот парламент сака уредите да траат подолго. Бараат забрана на програмираното расипување, поголема достапност на резервни делови и воведувањето на ознаки за минимален век на траење на уредот.

Според истражувањата спроведени меѓу клиентите, воведувањето на ознаки за минимален век на траење на производот ќе се зголеми продажбата на означени производи за повеќе од 50 проценти. Значи, корисниците се подготвени да платат повеќе пари само за да добијат уред до подолг работен век.

Купувачите во Европската унија се изјаснија – подготвени се да одвојат 100 евра повеќе за машината за перење да трае две години подолго.

„Овие предлози се секако позитивен чекор за правата на потрошувачите. Она што е сигурно неопходно е да се воведе забрана за програмирање на уредите да се расипуваат, како што беше направено од страна на некои европски земји”, вели Дијана Кладар, претседател на хрватскиот Сојуз на здруженија за заштита на потрошувачите.

Франција веќе забрани програмирано расипување на уредите, а Австрија на уредите воведе ознака за трајност. Европската унија сака тоа да го спроведат и другите земји-членки, но засега производителите имаат слободни раце, пишува хрватски „Вијести“.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР