Словачка гастрономија во „Пелистер„: Гускино, и паштета од елен, специјалитети на неделата

Градската кафеана „Пелистер“, од 13 до 19 март е домаќин на  „Денови на Словачка гастрономија“ , организирани под покровителство на Словачка амбасада во Скопје, и на самиот ресторан.

Врвен кулинар од Словачка, засилен со негов колега од Македонија, кој неколку години живеел во Словачка и ги изучувал кулинарските вештини, секојдневно до 22 часот подготвувале десетина словачки специјалитети, но и разни десерти, меѓу  кои и палачинки со ореви и маак (афион).

-Паткини гради, свински ребра, паштета од елен со џем од малини, беа најпорачуваните специјалитети, иако во понудата имавме уште некои други, кои можеа да се нарачаат ала карт. Бројни комплименти беа упатени на адреса на готвачите. Некои од намирниците кои ги имаше тука ги набаввивме  тука, а некои преку амбасадата пристигнаа директно од Словачка, ни откри Ѓорги Димитров, менаџер во „Пелистер“

Специјалитет од патка всушност бил најдоминантен во нарачките, по цена од околу 750 денари од порција, веднаш потоа доаѓала и паштетата од елен (околу 230 денари), а свинските ребра се движеле по цена од 109 денари за 100 грама.

Според Димитров, околу 1300 посетители нарачале словачки јадења неделава, некаде во просек околу 200 гости на  ден, кои услугата ја добиле без многу чекање, благодарение на подготвеноста на готвачите, помогнати од целиот тим на „Пелистер“.

Словачко пиво и четири вида словачки вина биле пијалоците кои ги дополнувале вкусот на овие специјалитети.
Словачките гастрононски денови во Скопје се затвораат вечерва, недела, 19 март, во 22 часот, време до кое може да се порачаат и вусат споменатите, но и други јадења кои потекнуваат од оваа земја.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР