Со Фејсбук лесно најдете бесплатни Wi-Fi точки

0
63

Во најновата надградба на своите мобилни апликации за Андроид и iOS, Фејсбук на своите корисници им овозможи користење опција која ја тестира повеќе од половина година – барање бесплатни Wi-Fi точки за пристап во нивна близина. Опцијата „Find Wi-Fi“ досега беше достапна само во некои земји и тоа на iOS платформата, но од денес таа е достапна за сите корисници на Фејсбук, повеќе од 2 милијарди од нив, каде и да се.

До оваа можност во апликацијата може да се дојде преку изборот „Повеќе“, каде што е потребно да се најде „Find Wi-Fi#, и да се вклучи услуга за локација и историја на локација. Фејсбук апликацијата тогаш ќе ви покаже на картата најблиски регистрирани бесплатни Wi-Fi точки на кои можете да се поврзете. Ова ќе биде особено корисно за оние кои имаат тарифи со ограничен мобилен сообраќај, во области со лош 3G или 4G сигнал, или за корисници кои сакаат да сурфаат во странство, но не се во ЕУ зоната со бесплатен роаминг.

Важно е да се напомене дека Фејсбук не наоѓа пристапни точки сам од себе, туку мора да ги пријават нивните сопственици. Обично тоа се кафулиња, ресторани, хотели и слични установи, кој на своите Фејсбук страници треба да постават информации дека нудат бесплатен пристап на Интернет.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР