Супер Бобо: Џаро ми беше кум, шамар, поука и лекција во животот                                             

Супер Бобо како што е познат во јавноста, неодамна најави стартување на музичка кариера во соседна Бугарија. За каков план станува збор?

– Токму така, некаде во декември ќе ја официјализирам започнатата соработка со една од најголемите бугарски музички компании и тргнуваме со силно темпо. Ќе снимам весели песни, во оној правец кој Бугарите го нарекуваат чалги. Време е за отпочнување на моите планови.

Како ќе изгледа почетокот? Што ќе содржи твојот естраден концепт?

– Не сакам да зборувам пред време, но ако морам да најавам еве ќе кажам дека публиката ќе види една интересна естрадно музичка појава во мојот лик, не скандалозна, не шокантна, не контроверзна, но благо провокативна, кој ќе ги гали и заголицува нивните сетила. И спотовите ќе бидат интересни, веќе се работи на идејата со најголеми професионалци.

Зошто ја одбра Бугарија и Софија, наместо Македонија?

– Затоа што има нешто што се нарекува естрадна индустрија, во која ќе покажеш дали те бидува или не. Не сакам ни да добијам, а ни да “купам” победа на некој наш фестивал, и сето тоа да заврши на тоа, и евентуално да ме објават по неколку портали. Ако се смени таа ситуација ќе пробам и овде,но засега кај нас не гледам перспектива. Естрадата спие. Денес е светот отворен за многу работи,и без граници. Можеш секаде да се обидеш. А не сакам да одам во Србија на некакви реални шоуа, каде повеќе те исмејуваат отколку се друго, ти ја мелат харизмата уште пред да блеснеш, не добиваш никаков репертоар, и по сета таа ѕвездена слава за една година си сосема заборавен и анонимен. Немам време за губење. Ви Софија имам доста блиски драги пријатели и другари, барем и ќе се забавувам.

Досега си се обидел, си запеал во некоја прилика?    

– Јас, всушност почнав пред десетина години. Неколку момци ме запознаа со менаџерот Џаро, кој ми вети кариера. За пет минути по средбата ме праша за име, му кажав Борче Ефтимовски, ми го смисли името Супер Бобо. Тој ми беше кумот. Потоа еден ден ми донесе готова песна, “Каде си Џаро”, за која ми рече дека ја напишал Оливер Мандиќ. Ја снимив, ја испеав. Ме однесе на неколку Тв емисии, и  толку. Изгорев уште непочнат. Она што го сфатив со текот на времето и го променив, беше фактот дека јас тогаш само сонував да станам пејач. А беше невозможно. Не затоа што Џаро е вон кондиција да биде менаџер сега. Интересно е кога си со него, сите те препознаваат и брзо те учат. И се дружиш со естрадни фаци. Ама во тој период јас бев енормно дебел и скршен од животните семејни загуби, за кои не сакам да зборувам. Џаро и да имаше најдобри намери, и како мој ментор, и како некогашен пријател на татко ми, тоа не помагаше многу. Засукав ракави и почнав да се подготвував за на естрада, зошто сфатив дека мораш сам да се избориш, ништо не паѓа од небо. Со правилна исхрана и секојдневно вежбање по неколку часа во Александар палас. Резултатите се видливи. Земав и часови по пеење кај професорка Снежана Нацева, а наскоро ќе продолжам со стручно вежбање на гласот.

Каква музика слушаш?

– Слушам секаква музика која забавува. Лепа Брена, Ана Бекута, Хари Варешановиќ, Дино Мерлин, Чолиќ,  Сека Алексиќ, Енрике Иглесиас. А од македонските Тоше е неповторлива ѕвезда, а Калиопи е незаменлива и нејзиниот глас обожавам да го слушам. Од бугарските пејачи има доста, но Азис е број еден. Затоа е суперѕвезда и во Бугарија и во Турција. Тој е сам по себе учебнк за естрада. Секогаш е свеж, се трансформира, постојано снима. Тој е вистинска естрада ѕвезда. За на естрада не мора да имаш совршен вокал, но мора да имаш сенс и да знаеш како да ги расположиш луѓето. Ќе се обидам да бидам во тој манир. Давам се од себе.

Што сакаш да покажеш, каков пример да дадеш?

– Никого не осудувам како изгледа и како живее. Но сакам да покажам дека од нас зависи нашето тело, во најголем степен и нашето здравје и нашата мисла. Животот тече и не се враќа. Велат, ако животот ти даде лимон, направи си лимонада. Немој да очајуваш. Веќе осум години работам во Домот за стари лица Мајка Тереза, паралелно со студииге по туризам, кои ми се при крај. Работам со екстра тим, но секојдневмо се среќавам и со староста на лицата кои таму живеат. Секој заслужува да биде барем весел или развеселен и млад и стар! Да го сфатиме тоа со време, додека живитот несопирливо тече и брза.  Ќе бидам весел ако моите песни ги развеселуваат луѓето.

Фото: Дарио Јанковиќ

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР