Светска банка: Балканот не ја користи близината на ЕУ за развој

0
36

Земјите од Западен Балкан се на транзициското ниво кое останатите помали европски земји го имаа во 1996 година, наведено е во најновите Забелешки на Светската банка за регионалната и економската интеграција на овие земји. Во забелешките се истакнува дека околу една третина од сите официјални работни места во Србија и Црна Гора е во јавниот сектор, а бројот во БиХ достигна 50 отсто од сите работни места.

И покрај фактот дека на животниот стандард од 1995 до денес во БиХ е зголемен за речиси шест пати, Светската банка предупреди дека почетната база беше на ниско ниво, но уште поважно, тие посочуваат дека земјите од Западен Балкан не го користат ни приближно доволно фактот дека се во непосредна близина на ЕУ за да го поправат нивниот економски и социјален статус. На пример, се истакнува дека ниту дури релативно компарабилниот простор на Зоната за слободна трговија во Централна Европа (ЦЕФТА) не успеа да го зголеми учеството на размената со земјите од Западен Балкан.

„Извозот во последниве години значително се зголеми, но земјите од Западен Балкан се уште се слабо интегрирани во светската трговија“, се вели во документот. Истакнато е дека Црна Гора, Србија и Македонија успеаја да ја поправат својата економија да извезуваат 40 отсто од вкупниот бруто домашен производ, додека БиХ и Албанија едвај достигнаа третина. За споредба, како што е истакнато, словачкиот или словенечкиот удел е повеќе од 80 проценти.

Една од препораките за зајакнување на странските инвестиции во Западен Балкан, според Светската банка, може да биде донесување на регионалната програма за инвестиции и трговија. Како што се наведува, една од областите во кои БиХ има големи проблеми е слабостс и ограничувањата во примената на прописите за анти-конкурентско однесување, односно мерките против јакнење на монополите и државната заштита.

„Иако рамката за државна помош врз основа на моделот на ЕУ постои во сите шест земји од Западен Балкан, имплементацијата останува предизвик. Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија имаат имплементирано систем за државна помош, кој во најголема мера е во согласност со правилата на ЕУ за државна помош, додека БиХ се уште нема јасни критериуми и услови за одобрување државна помош “, се наведува.

Инаку, Забелешките се поделени во четири групи – трговијата, мобилност на вештини и пазари на труд, дигитални пазари и инфраструктура за регионална интеграција. За секоја од овие области се нудат конкретни решенија со цел да им помогне на БиХ и другите земји во регионот за подобро регионално и економски да се интегрираат.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР