Вардар во ракометната историја – дочек за европските шампиони на скопскиот аеродром

0
86
chetvorica-vardarci-vo-idealniot-sostav-na-f4-turnirot-vo-keln-12994

Ракометниот клуб Вардар е новиот европски шампион по екстремно напнатата завршница на синоќешното финале од ракометната Лига на шампиони. Вардар го совлада Пари Сен Жермен со еден гол разлика 24:23 на секунди пред крајот.

Победничкиот погодок во последната секунда го постигна Иван Чупиќ.Најдобар стрелец во Вардар беше Тимур Дибиров со седум постигнати голови. Во екипата на ПСЖ најефикасен беше Никола Карабатиќ со 5 погодоци.

 

Најдобар стрелец во сезоната на Лигата на шампиони е Уве Генсхајмер, кој постигна 115 голови.

Во натпреварот за третото место вчера Веспрем ја порази Барселона со 34:30.

Македонија го доби првиот европски ракометен шампион во машка конкуренција и по 15 години повторно има екипа континентален првак.

Македонските фанови утре ќе ги пречекаат ракометарите на Вардар кога ќе слетаат на аеродром. Шампионската титула на ракометарите на Вардар им ја честитаа Ракометната федерација на Македонија, претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.

Ова е втора титула за Македонија во Лигата на шампионите. Кометал ја освои титулата во женска конкуренција 2002 година.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР