Виландер: Ѓоковиќ на вистинскиот пат со Агаси

0
78

Легендарниот шведски тенисер Матс Виландер го пофали Новак Ѓоковиќ и рече дека Србинот е на вистинскиот пат по ангажманот на Андре Агаси за тренер. Виландер, кој често го критикува Ѓоковиќ, сега изнесе комплименти по победата над Шпанецот Марсељ Гранолерс – 6: 3, 6: 4, 6: 2 во првото коло на Ролан Гарос.

„Ѓоковиќ изјави дека притисокот е поголем, бидејќи на Ролан Гарос ја брани титулата, но во тежок натпревар против незгодниот Гранолерс избори добар резултат. Публиката беше воодушевена од неговата игра и го поздрави со овации“, рече Виландер во својата емисија на телевизијата „Еуроспорт“.

Виландер, трикратен првак во Париз, смета дека Агаси ќе биде од голема помош за моментално вториот играч во светот.

„Единственото прашање е колку време Новак ќе помине во теретана. Дали е физички способен да ги издржи исцрпувачките две недели на Ролан Гарос?“, се прашува Виландер.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР