„Волво“ преминува на струја: Секој нов автомобил со електрoмотор

0
59

„Волво“ во средата најави дека во периодот меѓу 2019 и 2021 година ќе претстави пет целосно електрични автомобили, но и дека по 2019 година во понудата нема да има автомобил кој нема електричен мотор.

Додека сите производители најавуваат нови електрични автомобили кои ќе ја дополнат нивната понуда, „Волво“  во средата отиде неколку чекори понатаму и објави дека од 2019 година, секој нивни нов автомобил ќе има и електричен мотор. На овој начин, тие велат дека електричните погони ќе бидат во центарот на нивниот иден бизнис.

– Луѓето се повеќе бараат автомобили на електричен погон и ние сакаме да одговориме на нивните сегашни и идни потреби. Сега ќе може да изберете кој било електричен „Волво“  – рече претседателот на компанијата Хакан Самуелсон.

Тоа не значи дека традиционалните мотори целосно ќе исчезнат, туку ќе има исклучиво хибридни и електрични модели во понудата. Што се однесува до електричните, помеѓу 2019 и 2021 година, „Волво“  планира да воведе пет нови модели. Три ќе бидат на „Волво“, а два модели на „Полестар“, нивната компанија кои се занимава со спортски преработки на стандардните модели. Остатокот на понудата ќе добие електромотори како надополнување на погонот, за ниеден автомобил да не биде без електромотор. Инаку, компанијата планира во 2025 година да продаде еден милион електрифицирани возила.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР