дома Политика Македонија Адвокатите на осудените во „Монструм“ најавија „војна“ во докажување на вистината

Адвокатите на осудените во „Монструм“ најавија „војна“ во докажување на вистината

30

Адвокатите на осудените во случајот „Монструм“ реагирајќи на пресудите за обвинетите во случајот „Монструм“ најавија дека во петок најавуваат демонстрациии како реакција на пресудите.

„Од ништо не се плашиме, најавуваме дека во петок ќе демонстрираме и ќе се бориме со сите средства да ја докаќееме вистината, немаме намера да бегаме.- рече еден од адвокатите на обвинетите за „Монструм“ и најави дека ова е еден вид на војна!

Одбраната најави жалби по пресудата и по мерките притвор, и порача дека се убедени дека на крај ќе докажат дека обвинетите не се сторители на овој, како што рекоа, грозоморен чин.  

Претходно денеска судот го уважи барањето на обвинителството и побара мерка притвор за сите осудени во случајот „Монструм“. Притворот ќе биде во сила до правосилност на пресудата.

Кривичниот суд, пак, ги изрече пресудите за обвинетите во случајот „Монструм“, што се однесува на петкратното убиство кај Смилковското езеро. На доживетен затвор се осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, обвинети за тероризам. Хаки Азири, , доби 9 години затвор и е виновен за две кривични дела за помагање, додека Фејзи Азири е виновен за 2 кривични дела за помагање во извршување на кривично дело, и добие единствена казна затвор од 15 години. Отфрлено е обвинението за Сами Љута.

Н.Д.