Пред нешто помалку од еден час министерот за здравство Филипче на неговаат фејсбук страна информира дека во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се врши тестирање на корона вирус. Тестирањето е  кај патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје. Резултатите ќе бидат готови во наредните 4 часа.

Во текот на денешниот ден, Кризниот штаб за превенција од корона вирусот, предводен од Министерството за здравство, апелираа да не се патува во земјите каде што има регистрирано случаи со корона вирус и да се одложат училишните екскурзии. Меѓу другото министерот за здравство Венко Филипче апелира сите граѓани кои ќе почуствуваат симптоми на корона вирусот да се јават на телефонските броево во здравствените установи кои ќе дојдат на повикот и ќе му земат анализа на крвта на сомнителниот пациент во домашни услови. Оваа мерка е превземена со цел да не се шири вирусот по клиниките.

Минситерот Филипче на својот Фејсбук профил ги објави телефонски броеви на кои може да се пријават сите сомнителни случаи кои потсетуваат на коронавирус.

Како што може да се види од листата, се работи за 14 телефонски броеви со кои се покрива територијата на целата држава и се поделени на повеќе региони. Во објаснувањето Филипче наведува дека на овие телефонски броеви можат да се јават и сите оние кои пристигнуваат на територијата на земјава, а се сомневаат на одредени симптоми.