фото: (од статус на Анета Пешева)

Актерите се организраат преку социјалните мрежи да го исчистат клинички, откако пред некој ден тоа го правеа малди волонтери од Холандија. Денеска на статусот на актерката Sanya Arsovska, во кој таа раскажува сон во кој го чистеле клинички,  веќе реагираа неколку колеги/шки. Ирена Ристиќ, актерка и активист на нејзиниот профил напиша: „Решивме да започнеме со акција за чистење утре. Се наоѓаме пред влезот на Клинички центар во 10часот. Ќе има црни ќеси и ракавици, но за тие што сакаат да ни се придружат, нека земат нешто дополнително.“
Понатаму во објавата Ристиќ објаснува: „Цел ни е како уметници да влијаеме во промената на свеста на граѓаните кои се однесуваат несовесно кон животната средина. Планираме акцијата да ја правиме еднаш неделно на различни локации за време на летниот период. Секој што сака да ни се придружи е добредојден…“

Доколку сакате да се приклучите кон акцијата и да помогнете во чистењето на Клиничкиот центар, кој патем сите го користиме, приклучете им се на свесните актери.