Популарниот српски музички состав „Амадеус бенд“ кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектакуларни концерти и настапи во целиот регион, на 17 март, четврток, со почеток во 20 часот во скопскиот ресторан „Дион“ ќе одржи уште еден незаборавен настап во живо. Спектакуларна журка на која Џаја и екипата ќе ги изведат своите најголеми хитови и концертно ќе ја промовираат новата песна „Београд“ на која за последен пат свири нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го загуби животот од короната.

Настанот ќе биде организиран според сите важечки протоколи за Ковид-19.