дома Насловна Амар Хусеиновиќ, македонска тениска надеж

Амар Хусеиновиќ, македонска тениска надеж

868

Додека јавноста е окупирана со пандемијата и (не)отворањето на границите за младите споертисти во индивидуланите спортови, Асутралијан Опен успеа по ригорозни мерки да ги собере  најуспешните тенисери. Меѓу нив се уште нема ниту еден македонски тенисер, но како што стојат работите може да се случи многу брзо на еден голем тениски турнир да се појави името на Амар Хусеиновиќ.

Станува збор за 14 годишниот тенисер Амар Хусеиновиќ, член на ТК МТП. Во неговата биографија е напишано дека е  роден 02 05 2007, а веќе е рангиран на 13то место до 14 години во Европа, како и на 194то место до 16 години во Европа.

Со тенисот почнува да се занимава од својата 5та година, а веќе со своите 10 години почнува да забележува резултати и во земјава и надвор. Денеска, 13 годишниот Амар, со висина  од 188 см и тежина од 78 кг, физички карактеристики што имаат голема улога за успешност во овој спорт, може да се пофали само со успеси, но и со планови за наредниот период. Се разбира, како што самиот знае да каже, ова им го должи пред се на тенискиот тренер Круно Деспотовски кој го води од самиот почеток, како и тимот кој се грижи за него, кондициониот тренер Кристијан Кајчевски и физиотерапевтот Аријан Селмани.

Во богатата професионална биографија на Амар е запишано дека учествувал и на ИТФ јуниор тур во Скопје и во Сениорска лига МТФ и покажа одлична игра и можност да се натпреварува и со тенисери стари 18години, па дури и постари од 20 години.

Но, за да се стаса на меѓународните тениски листи неопходни се активности и успеси на национално и регионално ниво. Кај Амар, се разбира, и тоа не недостасува. Првите победи почнува да ги испишува уште во 2018 година кога ја добива титулата државен првак до 12 години, а победува на ОП на Белград до 12 години и 3то место на ОП на Белград до 12 год.

2019 година повторно го прогласува за државен првак до 12 годишна возраст, а реди победи и турнирите во Белград, Софија и Тирана. Оваа година е победник во двојки на турнирот Тенис Еуроп до 12 години.

Минатата година и покрај тоа што светот и целиот спорт се најдоа пред еден голем предизвик – пандемијата со корона вирусот, Амар успеа да наниже неколку турнири, како и да се пласира во финалето на повеќето на кои учествуваше. Во 2020 година е прогласен повторно за државен првак, но сега веќе во категоријата тенисери до 14 годишна возраст. Во неговата листа на турнири во кои учествувал запишано е и дека
е на 3 место ранг листа до 16 години, победник во двојки ИТФ/1 недела Анталија,
4 место ИТФ/1недела Анталија, Финалист ИТФ/2недела Анталија, -5место ИТФ/2недела Анталија, финалист во двојки Тенис Еуропе до 14 год Чачак, а на истиот турнир стасал и до четвртфиналете во сингл. Победник е во двојки на турнирот Тенис Еуропе до 14 години во Скопј, 3 место на истиот турнир во сингл. Победува во двојки на турнирот Теннис Еуропе до 16 години Аланија -Турција, а е трет на турнирот во Адана и на турнирот во Истанбул, во категорија на тенисери до 16 години.

Младиот Амар кој од Агенцијата за млади и спорт е прогласен за спортска надеж веруваме дека за скоро време ќе ги оправда очекувањата и ќе заигра и поголем тениски турнир од меѓународни размери, а ќе остане да биде и пример за младите кои сонуваат да станат тенисер(к)и.