дома Насловна Апликација за лицата со оштетен слух – Сега секој може да се...

Апликација за лицата со оштетен слух – Сега секој може да се вклучи во комуникацијата!!!

89

Komunicira.me е апликација која ќе ја сруши комуникациската бариера помеѓу лицата со оштетен слух и остатокот од светот. Оваа бесплатна апликација му овозможува на секој да комуницира со лицата со оштетен слух и да го научи македонскиот знаковен јазик. Ќе им овозможи интеграција на лицата кои комуницираат со овој јазик во рамките на институциите, работното место и неформалното окружување.

Апликацијата е изработена од учесниците на Академијата за програмирање на Brainster, како дел од нивната едукација преку работа на реален проект.

Новитетот кој Brainster го воведува од оваа година, е учесниците за време на 28 неделната Академија за програмирање да изработат 3 платформи кои ќе помогнат во решавањето на одреден социјален проблем. Освен тоа што на овој начин ќе научат да програмираат, ќе креираат продукт кој ќе го вметнат во своето портфолио, ќе придонесат за заедницата и ќе се вработат како програмери.

Оваа апликација направи да се стаса уште еден чекор поблиску до инклузивното општество во кое преку технологијата, ги задоволуваме потребите на сите поединци. Преку овој начин на работење сакаат да инспирираат емпатија кај идните програмери – претприемачи, кои ќе ја продолжат оваа практика во иднина.

Апликацијата komunicira.me е целосно изработена од учесниците на Академијата за програмирање на Brainster: Оливер БожиновскиГоран ВоиновскиПанче Димовски и  Марко Доновски. Изработена е во соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија и претседателот Васко Марков.

„Апликацијата е доказ дека модерната технологија ги поврзува луѓето. Афирмацијата на македонскиот знаковен јазик и неговата достапност до сите кои имаат потреба или интерес е една од нашите заложби, особено ако тоа им го олесни животот на глувите лица. Ова ќе биде поттик за идни чекори и збогатување на содржините“ – вели претседателот Васко Марков.