дома Спорт Останати спортови Атлетскиот викенд „Охрид ТрчаТ“ на саем во Дубровник

Атлетскиот викенд „Охрид ТрчаТ“ на саем во Дубровник

30

Атлетскиот викенд „Охрид ТрчаТ“, кој по втор пат оваа година ќе се одржи во Охрид, имаше повеќе од успешна промоција на саемот за трки и организации (Експо) и пред светската тркачка заедница во еден од најпривлечните туристички градови во светот, Дубровник.

Денеска (недела) во Дубровник ќе се одржи Атлетски полумаратон (21 километар) и рекреативна трка на 5 километри, на кои учество ќе земе и деветчлената експедиција на Охрид ТрчаТ.

После завршување на експото директорот на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, Иван Цветкоски присуствуваше на промоцијата на еден од најголеми светски маратони „Бејрут Маратон“. На промоцијата говореше Меј Ел Калил која е основач на Маратонот во Бејрут.

Слободното време охриѓани го искористија максимално, уживајќи во убавините еден од најубавите градови во светот.