Камионите полни со електронски отпад денеска биле пронајдени во клисура во близина на селото Червен Брег, пренесува НОВА. Вчера, пак, биле пронајдени 60 тони отпад во истата област. Се проверува дали ѓубрето има никаква врска со активностите на групата за трговија со отпад, што беше откриена пред некое време, а во кое учествуваше фирма чиј ко-сопственици беа и македонски државјани.

Доцна синоќа, специјалниот суд притвори петмина од осомничените за аферата со отпад, меѓу кои се и браќата Бобокови,  Атанас и Пламен, најбогатите бизнисмени во Бугарија и заменик министерот за животна средина и вода, Красимир Живков.

Браќата Бобокови, едни од најбогатие бизнисмени во Бугарија

По сослушувањето што траеше повеќе од 8 часа – судот најде докази за криминална група која тргувала со отпад. Тврдењето за нелегален увоз на отпад, фиктивни трансакции и врска со фирмата на Бобокови „Приста Оил“ е потврдено од двајца заштитени сведоци и двајца од самите обвинети. Инаку фирмата на браќата Бобокови се занимава увоз и продажба на моторни масла и деловно работење со производство и рециклирање на акумулатори и батерии.

„Одбраната многу жестоко ја брани тезата дека обвинувањето е несоодветно. Секако, ова е нивно право “, рече обвинителот во случајот, Генка Брезашка.

Во меѓувреме заменик министерот Красимир Живков е разрешен од функцијата заменик министер за животна средина и вода.

Покрај тоа, пред судот обвинителството истакна дека некои од обвинетите биле вработени во еко-инспекцијата во Плевен. И одбраната на заменик министерот Красимир Живков истакна дека друг заменик министер ги потпишал документите за отпадот.

Според изворите на НОВА, новооткриените 60 тони отпад во близина на Червен Брег може да имаат врска со обвинетиот Бобоков, кој се поврзуваше и со увозот на отпадот пронајден во јануари оваа година, а кога како осимничена беше фирмата составена од македонски -италиајнски конзорциум.

„Не е од вчера влезот на овој отпад во државата. Таа тука влегува, во рок од 2-3 години “, коментира експертот во Општина Червен Брег, Данаил Тоновски.

Дали петтемина обвинети ќе останат притворени ќе одлучи специјалниот апелационен суд.

Н.Доковска