Номинацијата на поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден за кандидат на Демократската партија за претседател, е официјално потврдена, а тој ќе се спротивстави на претседателот Доналд Трамп на изборите во ноември, што ќе бидат обележани со пандемија на коронавирус, економски колапс и социјални немири.

Бајден собра 1.991 делегат на изборите во партијата што се одржаа во седум држави и округот Колумбија во вторникот.

Тој го премина прагот три дена по изборите затоа што гласањето во неколку земји беше побавно заради големиот прилив на гласови по електронска пошта.

„Ми беше чест да се натпреварувам меѓу најталентираната група на кандидати што Демократската партија досега ги имала и јас сум горд што се кандидираме како обединета партија“, рече Бајден во изјавата.

Осврнувајќи се на тековните настани, Бајден рече дека „ова е тешко време во американската историја“ и посочи дека „лутата политика на Доналд Трамп што воведува поделби“ не е одговорот, пренесува АП.

„Нашата држава е желна за лидерство. За водство што може да не обедини“, рече Бајден.

Потпретседателот на САД од времето на Барак Обама е ефективно лидер на демократите откако неговиот последен противник, сенаторот Берни Сандерс, се откажа од номинацијата во април. А.Р.