дома Живот Здравје Безволност и депресија – причина е недостиг на важен витамин

Безволност и депресија – причина е недостиг на важен витамин

136

Витаминот Д е важен за здравјето на секој човек, а многу студии докажуваат дека неговото постојано надоместување може да спречи опасни болести како што се рак, дијабетес и остеопороза.

Витаминот Д е сосема бесплатен бидејќи телото го создава во контакт со сончева светлина, но во текот на зимата скоро кај секој човек е во дефицит. Истражувањата покажуваат дека главните симптоми за недостаток на витамин Д се постојан замор, нервоза, чувство на немотивираност, депресија, безволност, бледило, неможност да се вршат вообичаени задачи, проблеми со концентрација и зголемен апетит.

Витаминот Д може да се зема како додаток на исхраната во текот на зимата, но исто така и преку намирници во кои го има во изобилство. Сардините, лососот, туната, јајцата, млекото, рибиното масло, скушата и печурките се богати со витамин Д, а експертите препорачуваат да се обидете да го фатите секој зрак сонце во текот на зимата и да го ревитализирате телото со прошетки во природа.