Албумот „Незаборавни„ е составен од 11 преработки на познати македонски евергрини и две бонус траки од последните два фестивала каде имаше свои настапи.
-Имавме тешка задача заедно со мојот пријател и колега Владимир Дојчиновски да ги одбереме песните од 1962 до 2002, од огромната македонска музичка ризница. Тоа се песни кои оставиле белег на една младост, една љубов, во едно поинакво време, па токму затоа ни претставуваше голем предизвик но и голема одговорност да ги преработиме и оставиме свој печат. На проектот се работеше повеќе од една година, а како гости се јавуваат голем број на македонски музичари, но и тројца еминентни гости од регионот, најавува Биба и додава :
-Искрено се надевам дека “НЕЗАБОРАВНИ” остануваат доследни на музичкиот квалитет и дека ќе ви се допаднат во новото руво, но повеќе за целиот проект ќе споделиме на нашата заедничка средба,
Генерален спонзор на целиот проект е Осигурување Македонија / Виена Иншуренс Груп.
В.Г.Парго