Бијонсе и Tејлор Свифт Фото Profimedia

Греми наградите оваа година се одржуваат во знакот на Бијонсе и Тејлор Свифт. Бијонсе го освои 28-ото Греми во неделата вечерта, со што стана жена со најмногу награди во историјата на Греми наградите, а ја престигна и претходната рекордерка, кантавторката Алисон Краус.

Друга пејачка која влезе во историјата на музиката е Тејлор Свифт, која стана првиот уметник кој три пати ја освоил наградата за албум на годината. Тејлор ја доби оваа награда за албумот „Фолклор“, кој го издаде за време на изолацијата поради пандемијата на корона вирусот, додека претходните две награди ги доби за албумот „ Fearless“ во 2010 година, како и за „1989“, кој беше објавен во 2016 година.

Она што е интересно е што само уште тројца изведувачи успеаја да ја освојат наградата за албум на годината три пати, а тоа се Френк Синатра, Пол Сајмон и Стиви Вондер. А.Н.