дома Живот Сцена Блаже Маротов со „Прекрасен ден“ упатува срдечни желби за годината што доаѓа

Блаже Маротов со „Прекрасен ден“ упатува срдечни желби за годината што доаѓа

34
Музичкиот творец Блаже Блаж Маротов има чест да Ви ја претстави својата најнова авторска песна, “Прекрасен ден”, која ја сними како завршница на оваа за него многу успешна година на музички план, иако генерално за сите и насекаде тешка година.
Со “Прекрасен ден” тој порачува:
-Драги мои пријатели и обожаватели, специјално за Вас сакав да направам нешто убаво пријатно за слушање, со позитивна порака. Со текст во кој верувам секој ќе се пронајде и го посакува убавото. Денот на промоција е денес, 25 декември, по повод новогодишните празнувања, но и Божиќ, и католички и православен. Песната е уште еден срдечен музички поздрав од мене до мојата публика со добра мисла и искрени желби, и благодарност за големата поддршка оваа година, како од македонската публика така и од хрватската заедница во Македонија, во однос на моите хитови “Роман за нас” и “Бенг бенг”, вели Маротов.
Да потсетиме, познатиот музичар оваа година во своето студио прво направи неколку успешни преработки на македонски етно песни во стилот на вечната класика, потоа ја претстави хрватската мелодија “Роман за нас” со која доколку беше ситуацијата добра требаше да настапи на Сплитскиот фестивал, и ја промовираше на  29 јули, на Денот кога на Балканот се одбележуваше споменот на легендата Оливер Драгојевиќ, а на Втори август, на Илинден во Крушево, направи необична и интересна промоција на македонската песна во латино стил “Бенг Бенг”.
Двата хита ги визуелизираше со спотови во негова режија, а во неколку наврати неговите песни беа хитови на Радио Буба Мара и емитувани на Македонско радио – Радио два и радијата низ земјава.
Во 2021 година  им посакува многу здравје, среќа и враќање на Животот во полна форма на сите. В.Ѓ.