Својата прва песна, “Да си моја”, младиот битолчанец, 18-годишниот Божидар Николовски ја промовираше на својот Јутјуб канал. Со оваа песна неодамна настапи на “Канео фест 2018”.

Со песната, Божидар доби втора награда од стручното жири, како и награда за најдобар аранжман. Текстот, музиката и аранжманот се на Мими Марковски. Младиот битолчанец, поранешно Тв лице, е решен цврсто да чекори по својот музички пат и понатаму.