Уште откако го украдоа целото внимание од нивната крајно блиска врска на годинашните награди „Златен глобус“, поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон не престанаа да ја заинтригираат јавноста со нивната врска.

Иако сè уште нема официјална потврда, многу фанови ширум светот се убедени дека парот ја обновил својата љубов, а според последните извештаи на американските медиуми, ова е поткрепено со тоа што треба наскоро да пристигне девојче во нивниот заеднички живот .

Според магазинот „Стар“, Бред и Џенифер планираат да посвојат девојче, а целиот процес треба да се одвива многу брзо.

– Тие ќе бидат одлични родители. И двајцата сакаат да бидат подеднакво вклучени во животот на малото девојче што треба да го посвојат – открива извор за медиумите, додавајќи дека поддршката на бројните фанови кои навиваат за нивно помирување е многу важна.

Исто така, изворот додава дека поранешните сопружници немаат планови за нова свадба, но бараат дом што ќе стане нивна идна семејна куќа.

– Тие сакаат да најдат нешто што и двајцата го сакаат, но приоритет е, секако, место кое ќе биде соодветно за одгледување дете – забележува изворот и додава дека тој е актер кој веќе има шест деца со Анџелина Џоли (три биолошки, три посвоено), секогаш сакаше големо семејство и дека дете со Џенифер само ќе го заокружи неговиот сон.