„Отворањето на градинки и јасли дефинитивно нема да биде дозволено“ – ова вечерва го објави бугарскиот премиер Бојко Борисов по видео-самитот на ЕС со земјите од Зпаден Балкан.

„Ова е мерка против која беа категорично против“, објасни тој за Нова.бг.

Според премиерот, олеснување на некои други мерки – како што се оние за
одење во паркот, дозволување индивидуални спортови и отворање ресторани
биле земени во предвид по внимателна анализа и за заштита на менталното здравје на
Бугарите.

Кај нас се уште нема решение дали ќе се отворат јаслите и градинките, но ако се следат препораките на ЕС, изгледа децата остануваат дома до септември.

Н.Д.