дома Наше Бебе Вакцината ДТП може да е причина за поголема отпорност на децата кон...

Вакцината ДТП може да е причина за поголема отпорност на децата кон корона вирусот

Се испитува врската помеѓу вакцината ДТП и имунитетот кон коронавирусот.

1326

Уште во првата половина на оваа година обележана со корона вирусот, една докторка на своката пријателка додека и ставала анти-тетанусна инкеција во клиниката, скоро на шега, и рекла дека сега е заштитена од корона вирусот. Останува отворено прашањето дали таа тогаш предвидела нешто?

Истражување на вкрстена реакција
Во октомври, шпански имунолог, д-р Педро Рош, го објави своето истражување за вкрстена реакција на имунитетот дадена со вакцината ДТП (вакцина против дифтерија, тетанус и голема кашлица) и САРС-CoV-2. Едноставно кажано, антигените произведени од оваа вакцина против дифтерија, тетанус и пертусис (голема кашлица), која се дава во првите неколку месеци од животот според календарот за вакцинација, може да обезбедат имунитет против новиот вид на коронавирус. Исто така, оваа вакцина е онаа што се повторува најмногу пати – дури три до четири пати се дава во првата година од животот, а потоа се дава друга доза во втората година, а потоа пред  и по завршувањето на основното училиште. Вакцината против тетанус, т.н. „Бустер“ се дава и по повреди, а се препорачува и за бремени жени.

Како децата се спротивставуваат на САРС-Ков-2
Досегашното искуство и собраните докази во пандемијата на ковид19 покажуваат дека САРС-Ков-2 е особено вирулентен кај постарата популација и дека децата се прилично заштитени, што го поттикнува Рош да го испита овој потенцијално стекнат имунитет кај децата. Според Рош, нормално е овој вирус да предизвика сериозна клиничка слика кај геријатриската популација, имајќи предвид дека имунитетот е ослабен. Она што не е нормално е дека малите деца кои сè уште го формираат својот имунолошки систем се поштедени.

Ова ни укажува дека најголемиот фактор на корелација во случаи на инфекција со ковид 19 е токму возраста на пациентот и дека мора да има одреден вкрстен имунитет. Имунитетот што го обезбедува вакцината ДТП се намалува со текот на времето, што го објаснува фактот дека сериозноста на клиничката слика на ковид 19 се зголемува со возраста.

Резултати од студијата
Во ноември беше објавена друга студија која ја поставува истата хипотеза заснована врз следниве факти:
Откриени се врски помеѓу секвенцата на тетанус токсин протеин и САРС-КоВ-2 „шилестиот“ протеин. Слични врски се пронајдени помеѓу „шилестиот“ протеин и другите коронавируси. Постои статистичка врска помеѓу примената вакцина против тетанус и асимптоматската форма на ковид 19. Постои корелација помеѓу стапката на вакцинација кај деца со ДТП вакцина и сериозноста на клиничката слика кај децата.
Постојат корелации помеѓу стапката на вакцинација на бремени жени со анти-тетанус вакцина и стапката на асимптоматски случаи на бремени жени.
Исто така, постои потенцијална корелација помеѓу стапката на вакцинација на затворениците со вакцината против тетанус и стапката на асимптоматски случаи.
Невролошки симптоми кои најчесто се забележуваат кај приматели на тетанус, исто така се забележани кај голем број пациенти со ковид.
Постојат и други студии кои само го потврдуваат забележаниот крос-имунитет.
Секако, ова се уште се само хипотези, за кои и самите научници велат дека мора да бидат потврдени со многу подетални истражувања во in-vivo модели, како што се глувците и стаорците за почеток, но дека секако постои голема надеж дека сите овие тврдења се точни.

Ал.Н.