Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија Мирсад Ѓелек изјави дека државата покажала голема одговорност спрема здравјето на граѓаните и дека е исполнето она што е ветено.

„На крајот сме на 2020 година, тешка година во која водевме и водиме борба против злокобниот вирус. На крајот имаме убави вести и уште еден убав и значаен ден за Србија и нејзините граѓани. Мислам дека сме единствената земја во Европа, а можеби и во светот која има две вакцини од различен производител и дејства. Фајзеровата, која веќе се употребува, и денес добивме 2400 дози од  Спутниковата вакцина. Она што е заедничко и битно за двете е што се исклучително квалитетни и безбедни. Имаме два силни адута, две вакцини за многу посериозно да се спротивставиме на ковидот и да ја завршиме приказната со епидемијата, да живееме нормално“, изјави Ѓерлек.

Министерот за здравство, Златибор Лончар, вчера изјави дека тестирањето на руската вакцина во Агенцијата за лекови и медицински помагала е при крај и дека се очекува да заврши во првите денови од новата година. Дозволата ќе овозможи Србија да добие значително поголеми количини од оваа вакцина.

Вакцинацијата против коронавирус со вакцината на компаниите Фајезер и Бионтек во Србија започна на 24 декември, а според министерот Лончар, новиот контингент од вакцината Фајзер во Србија ќе пристигне на 4 јанури, по што на секои седум дена ќе пристигнуваат нови колиини.

Н.Д.