Кога една состојба трае и не се лекува, или многу малку се подобрува и покрај упорниот медицински третман, значи не е сѐ доволно дијагностицирано  и покриено со терапија. А најчесто е проблем што специјалистите го лекуваат пациентот парцијално ,без да ја имаат целосната слика на организмот, а организмот е поврзан систем, цела “приказна”. Лекарите по природна медицина помагаа при оваа последна и многу важна алка.

Госпоѓа Трпеновска, Вие сте лекар по природна медицина. На почеток објаснете ни што тоа значи?

-Лекар по холистичка медицина е лекар кој смета дека умот, телото и духот на пациентот го подобрува сопственото здравје и благосостојба. Фокусот е прво на превенција, а второ лекување.

Ова е нов профил на професија кај нас, а во светот е познат и функционира од поодамна, но во интерес на читателите- дали станува збор за нов метод или, наука, или за нешто што постоело одамна? 

-Принципите на натуропатија за прв пат биле користени од Хипократовата школа за медицина околу 400 п.н.е. Грчкиот филозоф Хипократ  верувал во гледањето на целата личност за да ја пронајде причината за болеста. Во тоа се користеле законите на природата medicatrix naturae – исцелителната моќ на природата за да се поттикне лекување. Природата е лекарот на болеста. Токму од оваа оригинална школа, натуропатијата почнува да се шири. Телото има способност да се лекува ако му се дадени соодветни услови и натуропатија, заедно со акупунктура, хомеопатија, хербална медицина и повеќето други холистички модалитети се основата на разбирањето на сопствената вродена интелигенција на телото.

Кој беше мотивот да почнете со оваа професија?

– Мотиви имав многу. Прво медицината ја разбирам од кога паметам за себе. Доаѓам од докторска фамилија каде мојот татко ми држеше предавања секој ден за имунитет,бактерии,,канцер,,микробиологија итн хаха. Хуманист сум 20 години, грижата за луѓето е мојата пасија, медицината ја сакам, и јас сум била и ќе бидам пациент како и сите ние. Сакам да знам како ќе го избегнам моментот еден ден да ми кажат: ако не ги земеш овие хемикалии и зрачења, ќе умреш! Така по многу истражувања Холистиката ми отвори една друга димензија на лечење, која ја разбирам- лично сум излечена, и убедена сум дека тој е патот по кој сакам да чекорам. Хроничните и автоимуните болести се новата епидемија во светот, а класичната медицина недоволно помага во тој дел. Бидејќи се работи за науката на исхрана, од каде произлегуваат тие болести, од таму и треба да се лекуваат.

Студиравте во Кипар и Америка, но воедно и имавте практична настава. Дали е ист пристапот на поставување дијганоза и одредување на терапија како кај класичната медицина или има разлики? 

-Дијагнозата е иста во било кој модел на медицина. Ако човек боледува од дијабет, или канцер, секаде во светот во било која здравствена институција ќе се потврди истото. Поставувањето на терапија не е исто, нормално. Ние имаме холистички пристап.

Кај нас соработувате со приватна клиника и со оддели на државната. На кој начин воспоставување контакт со пациентот и со откривање на причините? 

-Воспоставувањето на контактот не е тешко, јас имам и ментори во државната клиника со кои одлично соработуваме. И тоа ме радува бидејќи тој однос мора да постои. Јас кога работам со личност (пациент, не сакам така да се изразувам бидејќи е човек а не пациент, самиот збор пациент, создава лошо чувство кај човек тогаш почнува да се плаши и да се чувствува дека состојбата е полоша отколку е), морам да ја знам и испитам целата негова историја. Во периодот кога ќе настапи лекување, има луѓе кои веќе си имаат свои кардиолози, ендокринолози, онколози и всушност ние мора да соработуваме за да го доведеме човекот во подобра здравствена состојба. Тоа е целта. Не да се шири его и суета. За да бидеш Доктор, мора да се заколнеш на Хипократова заклетва. Пациентот е најважен и понатаму нема полемика.

Сите лаички велиме храната и стресот се основни причини, и има безброј насоки како да се подобриме, но и покрај сѐ  ние сме се поподложни на болести од ден и ден. Што е точно? 

– Има повеќе причинители. Секогаш на прво место ја ставам исхраната. Тоа што го јадеме денес е брза храна, преработена храна полна со адитиви, по рестораните менијата се полни со прженици, пилешки прсти, помфрит итн.. Се јадат оброци повеќе пати на ден, вечер доцна се јаде. Јас забележувам по рестораните, навечер во 21, 22 ч луѓето јадат обилни порции. Процентот на гастроинтестинални проблеми е зголемен енормно. Никогаш не било вака. Процентот на заболени од канцер е зголемен, дијабет да не зборуваме. Сега има улога и воздухот кој не е чист, пестицидите. Стресот е најголемиот непријател на имуниот систем. Откако почна пандемијата, стравот презема главна улога. А тој е исто така причинител на драстично слабеење на имунитетот. Секако дека има начин да се подобриме. Затоа сме ние тука, но најважно е како ќе одржувате добар и здрав животен стил.

Колку Вашите методи помагаат и за лекување кај пациенти со корона, она што сега е најактуелно.

-Помагаат холистичките методи, имаме протокол на лечење за Ковид, диетотерапијата, и особено во психосоматскиот дел каде сега е најпотребен. Но,јас открив нешто што е сега ново, а всушност старо колку и самото човештво:единствената помош е самопомошта и единствениот начин на исцелување е самолекувањето. Што значи тоа? Ние можеме да дадеме правилна терапија, но човекот е тој кој треба да се придржува и да ги следи нашите совети. Јас можам да те излечам, но ако ти не соработуваш и не се придржуваш, бесцелно би било се, нели? Многу едноставно.

Велите здравјето е спој на физичко, емоционално, генетски, духовни еколошки фактори. како да поставиме совршен баланс меѓу сите овие работи? 

– Многу едноставно. земајте пробиотик, вклучете култивирана храна секој ден и погрижете се да имате храна богата со пребиотици од влакна. Додадете супа од коски во вашата исхрана. Колагенот помага да се создаде здрава мукозна мембрана. тоа е од суштинско значење за здрави крвни садови земете комбинација од додатоци на минерали и растителни екстракти дизајнирани да ја поттикнат васкуларната релаксација на мазните мускули, ендотелијалната функција и циркулацијата.имајте за цел 15 минути дневно мирно седење во медитативна состојба. можете да користите апликација како хедспејс. ако сте во можност да излезете на кратко, правете го тоа 15-30 минути дневно. Легнете си порано, имајте убав сон. Ако можете да се изложите на сонце барем 15 минути во денот тоа е доволно витамин д. Пијте многу вода. Повеќе овошје и зеленчук. Намалете процесирана храна. Избегнувајте негативни луѓе, избегнувајте негативност во самите вас.

Вашите препораки и совети ги споделувате на сајтот евридеј нутришн, без интеракција. Која е вашата цел за овој начин на обраќање кон јавноста?

– Да, причината и идеата се роди во моментот кога видов дека луѓето немаат правец и насока како да размислуваат кога е во прашање земање суплементи, правилна исхрана особено откако се соочуваме со новата епидемија. Се вртат разни мислења,добри и лоши, доволно испитани и за жал недоволно истражени а се пласираат на народот кој слепо се води кон тие совети од некои нутриционисти кои преку ноќ се раѓаат. Разни медицински лица кои не се ниту имунолози ниту епидемиолози а сакаат и влијаат на јавноста притоа наведувајќи ги луѓето да се чувствуваат несигурни во здравствениот систем. Што произлегува од сето тоа? Целта е да дадам совети кои се точни, научно издржани за кои луѓето можат да се сигурни во мислењето за суплементи, исхрана, начин на здрав живот и многу други теми. Време немаме никој од нас да разговараме цел ден на интернет, ниту следбениците ниту јас. Страницата е чисто информативна, но секако дека секој има право да ме исконтактира.

Нутриционизмот е една важна наука, наука на исхраната која се темели на најновите научни достигнувања од подрачја на хемија, биохемија, биологија, токсикологија и физиологија. Но, сето тоа во полза на доброто здравје. Колку ни е потребна или можеби неопходна познавање на оваа наука, за да бидеме себе корисни и се подобра верзија, со подобро здравје?

– Моето мислење, но јас сум уверена дека е така- Секој од нас треба да е едуцира како да се храни, не дозволувајте да чекате и да биде предоцна. Превенцијата е најважна но и најдосадна за многу луѓе бидејќи нашиот народ ќе дојде на клиника само кога ќе биде доцна. Многу тешко е да се искорени тоа, но ние работиме многу и вложуваме во едукација на народот како да создаде здрави животни навики. Бидејќи не заборавајте, сите имаме деца. Не дозволувајте вашите деца да се оставени на најлошата храна, а тоа се случува. Родителите се модел, ако ние добро се храниме, ќе ги научиме и децата добро да се хранат. Еве јас велам нека биде 70/30. Децата се нашата иднина. Ако не вложуваме во нив, не создаваме здрава нација. А кога нема здрава нација- нема здрава држава. Моите планови се следната година да се оствари планот за правилна исхрана на децата во училиштата и искрено се надевам дека ке дојдеме до разбирање од надлежната власт за тоа да се оствари.

Како луѓето да се справат со паѓањето на имунитетот на зима, што е најдобро во овој период да се презема, да се конзумира како храна и пијалоци, како навика и постапки?

– Повторно ќе кажам. Избегнувајте газирани пијалоци, не пијте ладни сокови, алкохоли. Хидрирајте се доволно, пијте доста вода. Овошје и зеленчук! Многу важно, тие содржат влакна со многу благодети за вашето здравје. Јадете интегрални житарки, црвено овошје како малини, капини, црна рибизла, бозел,тие се полни со антиоксиданси. Внесете омега 3 масни киселини, внесете маслиново масло, не јадете пржена храна, барем намалете. Друго се но, умерено, не се прејадувајте. Секако сармите се неизбежни овој период и не ги заобиколувајте. Зелката, лукот, празот, брокула, кромид и морков треба да биде составен дел од исхраната овој период. Не јадете многу месо, 2-3 пати неделно е сосема доволно. Не се прејадувајте, и не јадете навечер. За клетките на имуниот систем од исклучителна важност е Б витаминот. Најважни се фолна киселина и Б6. Со фолната киселина важни се Витаминот Б-12 и метионин (аминокиселина) како и холин ( тоа е една супстанца која го зголемува производството на лимфоцити. Б6 нму помага на нашето тело да создава цистеин (аминокиселина) од метионин најважната аминокиселина за имуниот систем.За создавање антитела Б5 е важен, им помага на макрофагите и клетките убијци да си ја завршат својата работа. Тука има многу да се зборува, но за тоа повеќе во мојата книга која ќе ја издадам следната година.Околу суплементите,најважните минерали за добро здравје се: Цинк, Железо, Магнезиум,Калциум и Селен.

За крај сакам да ви поставам прашање, дали и обичен витамин може да се земе без рецепт и без препорака од личен доктор? Како луѓето да се снајдат во морето реклами за разни суплементи, како луѓето да се најдат и да ги одберат вистинските?

– Количината и видот на суплементи кои ги земаме во нашата исхрана, може да делуваат добро но и лошо за нашето здравје. Кога внесувате концентрирани витамини и минерали, се изложуваме на опасност. Може да дојде до нарушување на природната рамнотежа во прехрамбениот ланец. Големи количини на супементи можат да предизвикаат разни видови на здравствени нарушувања, особено кај децата и трудниците. На пример, компир или морков содржат Вит Ц, бета каротен, миацин, калиум, влакна и други фитохемикалии. Тоа е природен мултивитамин кој организмот најубаво го прифаќа. Кога гледате реклами за суплементи, внимавајте кој ги произведува. Ако производот е нов и нема доволно студии за него, може да биде и сомнителен. Ако тој производ е рекламиран како суплемент кој прави чуда за вашето здравје,тоа е уште посомнително. Кај лековите билки треба да бидете внимателни, Ако земате индустриски произведени аминокиселини, немојте без да се советувате со стручно лице. Спортските и енергетски пијалоци, дури и кај они на кои пишува- со природна боја и арома- можно е да прикриваат лоши состојки. Овие состојки тешко ќе ви дадат енергија, само стимуланс. За суплемемтите секогаш консултирајте се со стручно лице, немојте сами по свој избор да ги земате. Суплементите се добри за пациенти кои не можат да ги земаат преку храна бидејќи имаат здравствени проблеми. В.Ѓ.