На 15 август, во Куршумли Ан, со почеток во 20 часот, нашиот најдобар џез гитарист Тони Китановски ќе одржи концерт заедно со извонредните музичари Асад Рашид, Техемана Скендеровска, Добрила Грашеска, Али Рашид, Виктор Филиповски, Хустреф Саид, Вилхен Мемедов.

Концерт ќе биде фузија на world музика со jazz елементи, изведена од врвни мајстори на музичката сцена.

Концертот на Тони Китановски е во рамки на проектот „МУЗИКАТА ЗБОРУВА НА СИТЕ ЈАЗИЦИ„ – 30 ГОДИНИ МУЛТИ КУЛТУРА„ а по повод прославата на 30 годишнината од македонската независност, поддржани од Владата на РСМ преку јавниот повик за финансиска поддршка за организација на настани по повод 30 години од државноста.

Организаторите Баги Комуникации најавуваат дека на концертот ќе бидат запазени сите мерки и протоколи за безбедност на публиката и заради тоа  билетите се во ограничен број.  Овој концерт е всушност последниот пред стапување на сила на уредбата со која за влез на настани ќе биде потребно приложување на потврда за Ковид вакцинација.

Влезниците за овој концерт чинат 200 денари и можат да се набават онлајн преку www.bileti.mk.