Минситерството за здравство попладнево ја објави листата со земји рангирани според ризикот од корона вирусот. Според Министерството високоризични држави за патување се Кина, Јужна Кореја, Италија, Иран, Франција и Германија.

Средноризични се земјите кои имаат помалку од 1.000 регистрирани позитивни случаи. Меѓу нив влегуваат Велика Британија, Холандија, Шпанија и Швајцарија.

Во листата на нискоризични влегуваат оние држави во кои до овој момент има помалку од 30 заразени. Тука спаѓаат и земјите од регионот, како Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија. Погледнете ја целата листа во продолжение.

А.Н.