На граничниот премин Табановце вечерва се очекуваат да се вратат неколку десетици автобуси со патници кои беа на 8мо мартовско патување. Како што дознава ТЕХТ.МК дестинации на кои патувале патниците се Нови Сад, Будимпешта, Прага и Виена. Не е познато како ќе се третираат овие патници и дали ќе бидат ставени во карантин, особено ако се знае дека во Унгарија и Чешка има регистрирани случаи на корона вирус, а во Виена има голем број на движења и можноста на зараза е голема. Кога на ова ќе се одаде дека бројот на заразени од Словенија секој ден се зголемува, тогаш стравот од пренесување на заразата е оправдан. Само колку за потсетување, министерството за здравство на Словенија попладневно информираше дека се регистрирани нови 4 случаи.

Прашања кои што ги мачат граѓаните се кој се мерките за заштита од евентуалното ширење на заразата од лицата кои беа на ексурзии, а за кои добиај препорака да се откажат и дали ќе има санкции за агнециите кои и покрај предупредувањата тргнаа на пат.

На социјалните мрежи може да се прочита дека граѓаните бараат овие лица да не одат на работа во наредните 14 дена, а доколку некој од нив е заразен сам да ги сноси трошоците за лечење, и тоа и за себе и за оние кои од него ќе се заразат.

И додека ТА кај нас слободно организираат тури и пренесуваат патници, компанијата „Визер“ објави дека рутите за Милано, Тревизо и Бергамо ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, а со цел спречување на ширење на коронавирусот. Летовите од Скопје и Охрид кон италијанските градови кои од денеска се ставени во карантин, ќе бидат прекинати до 3 април.

Од компанијата потенцираат дека патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време.

„Визер“ им порача на патниците кои имаат резервирано преку туристички агенции – вклучувајќи ги онлајн туристичките агенции, да стапат во контакт со компанијата преку која ги купиле нивните билети.

Н.Д.