дома Технологија Компјутери Виндоус 10 штити од измами во видео игри

Виндоус 10 штити од измами во видео игри

64

Новата надградба за Виндоус 10 донесе многу промени, но една од нив може да направи значајна разлика, особено ако сте гејмер. Всушност, Мајкрософт ја активира опцијата „TruePlay“која претходно е тестирана, а е дизајнирана да ги заштити играчите од вообичаени измами во рамки на универзалните Виндоус платформи (UWP).

Игри кои ја користат оваа заштита ќе бидат лансирани во безбеден режим и ќе започнат со позадински сервис, кој е дизајниран да го следи типичното однесување за време на мамењето. Ако на овој начин се дојде до некои податоци, тие веднаш ќе бидат пренасочени кон програмерите. Опцијата „TruePlay“ може да биде исклучена ако корисникот не се согласува со собирање на одредени податоци на овој начин, но во овој случај, компанијата ќе може да ограничи некои функции во рамки на играта, па така, на пример, нема да биде можно покренување онлајн, ако опцијата не се вклучена.