дома Живот Високо протеинска диета:Како да му кажете НЕ на чоколадото со исхраната NuMe

Високо протеинска диета:Како да му кажете НЕ на чоколадото со исхраната NuMe

ПроФит Мк и ТехтМк продолжуваат да ве информираат и да ви помогнат како да дојдете до иделаната линија сопомош на виосоко протеинска исхрана преку NuMe оброците. Денеска ви одговараме на најчесто поставуваното прашање, а тоа е како да се откажете од благото, најмногу од чоколадото,во текот на оваа диета! Ние имаме одговори на се, следете не...

179

Сакаш ли чоколадо и не можеш да замислиш еден ден без него?  За да се решите од чоколадото ќе мора да го прочитате овој напис, каде што ќе ви откриеме што се главните причини зошто сте „жедни“ за чоколадо и како да се спротивставите.

Зошто посакувате чоколадо по секој оброк?

Ако сте навикнати после секој оброк да земате и десерт, тоа ви е влезено во навика и по секој оброк може да си дозволите чоколадо. А добар начин да го намалите износот на чоколадо е обичното чоколадо да го замените со чоколадна плочка што ја има во палетата на оброци на NuMe, е здравa и ги содржи сите потребни витамини, минерали и растителни влакна кои ви се потребни секој ден.

Желба за чоколадо кога вашето ниво на енергија ќе падне

За жал, конзумирањето чоколада кога сте уморни и без енергија нема да ви помогне долгорочно. Поради концентрацијата на шеќер, вистината е дека на брз начин ќе ви се врати енергијата, но таа исто така многу брзо ќе исчезне, и ќе се чувствувате уште повеќе уморни од порано. Наместо тоа, треба да си дозволите ручек кој ќе обезбеди енергија за долго време, на пр. парче од јаболко со малку путер од кикирики.

Желбата за чоколада за време на месечниот циклус кај жената

Една од причините зошто вашата желба за чоколадо е поголема во месецот кога имате менструален циклус лежи во намаленото ниво на магнезиум. Можете да пробате неколку парчиња квалитетно темно чоколадо или да јадете бадеми за да ги зголемите нивоата на магнезиум.

Желбата за чоколада кога сте тажни или под стрес

Понекогаш желбата за чоколада ве води кога имате тежок ден. Без да сте свесни вие веќе сте изеле половина од чоколадото. Емоциите може да влијае на начинот на кој ви се јаде, затоа наместо чоколадо, одете на прошетка, зборувајет со пријателите или појдете на масажа или некој друг третман за нега на телото.

Се додека потрошувачката на чоколадо не е претерување, тоа е во ред, но обрнете внимание на причините зошто толку многу копнеете за чоколадо и откријте како најлесно можете да му се спротивставите.

Затоа не двоумете се, пробајте го вкусниот и здрав „благ“ производ од палетата на NuMe што ќе ги задоволи сите ваши желби, од една страна желбата за слатки, а од друга страна вашето тело ќе ги добие сите материи во количини потребни за дневна доза чоколадо.