дома Живот Сцена Влатко Стефановски со концерт на Антички на 1 август

Влатко Стефановски со концерт на Антички на 1 август

29

По огромниот интерес и продадените 3 концерти во Македонската Филхармонија, Влатко Стефановски и неговиот најнов албум „Мајчин јазик“ со концерт на Антички Театар во Охрид! На 1 август, со почеток во 22 часот, можност повторно да се доживее извонредниот проект за кој публиката и критиката ги дадоа сите пофални зборови!

Нашиот гитарски виртуоз во Охрид ќе настапи со гостите Биља Крстиќ од Србија, Теодоси Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, Весна Гиновска Илкова и групата Љубојна од Македонија.

Билетите со цена од 1.000 и 1.200 денари се во продажба онлајн и на сите продажни места на www.kupikartizase.com.