дома Економија Во автомобил може да се возат само половина од дозволениот број на...

Во автомобил може да се возат само половина од дозволениот број на патници, потврди Спасовски

450

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес конференција на прашање на ТЕХТ.МК дали има ограничувања во однос на слободниот превоз на патници во земјава и странство односно дали има ограничувања за оние кои вршат превоз на патници со автомобили или минибуси, одговори дека Одлуката која што е на сила за превоз во јавниот превоз, важии за превоз со автомобил. Спасовски објасни дека е редуциран бројот на патници во јавниот превоз на половина, во межуградскиот превоз како и во минибусите. Тој напомена дека возачот е должен да обезбеди дистанца меѓу патниците. Во однос на бројот на патници во автомобил, премиерот прецизно кажа дека бројот на патници, како и во другите превозни средства треба да кореспондира со Одлуката, односно дека во автомобил можат да се возат половина број на патници од предвидениот капацитет на автомобилот.

По бурните реакции по вчерашниот текст дел од читателите дека ваквите приказни се измисленици, денеска премиерот Спасовски потврди кои се Одлуките кои важат во Северна Македонија во однос на превозот на граѓани во автомобили.

Само колку за потсетување ваквите мерки се уште се на сила и во соседните држави, како и во сите држави на ЕУ.

Н. Доковска