дома Насловна Во Белград тензично, најавени нови демонстрации против полицискиот час

Во Белград тензично, најавени нови демонстрации против полицискиот час

93

Седумдесет повредени, од кои 43 полицајци, е билансот од судирите што синоќа се случија во Белград. Десетина илјади луѓе вчера протестираа поради најавените нови рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот.

Граѓаните се револтирани од новите предлог мерки и сметаат дека владата е виновна за големиот број на заразени, а дека властите ги укинаа мерките само да се одржат изборите.

После вчерашните шротести во Белград по повод најавениот полициски час од страна на претседателот Александар Вучиќ, за денеска демонстрантите најавуваат нови собири низ улиците на Белград, односно пред зградата на Собранието.

Опозиционите партии реагираа денес на настаните што се случија пред српскиот парламент претходната вечер, па ДС ги повика сите актери на дијалог и да ја смират ситуацијата, Партијата на модерна Србија ја критикуваше полицијата за прекумерна употреба на сила, а ПСГ оцени дека е објавен полициски час“, последица на неможноста на надлежните “и дека граѓаните имаат целосно право да се бунат против, како што велат, каприците на надлежните и да не се согласуваат со најавената „казна“.

Вучиќ најави дека денеска ќе и се  обрати на јавноста, а официјален Брисел повика, да се почитуваат одлуките на властите за мерките за борба против COVID19, но и да се почитуваат човековите права и слободи.

„Заштитата на здравјето на луѓето мора да биде пред се, а на владата е да одлучи кои мерки се неопходни за решавање на проблемот со ризикот од COVID19“, рече Европската комисија за Танјуг.

Н.Д.