Дали има туристи во одморалиштата низ Бугариај и дали гостите се подготвени да ја дочекаат Новата година во своите соби, се прашуваат бигарските хотелиери? Ненадеен крај на празничната вечера во 22.00 часот – е најголемиот предизвик за сите во новогодишната ноќ. Отсега па натаму, хотелите размислуваат како најдобро да ја завршат вечерата на своите гости два часа пред полноќ кога е време за шампањ.

Македонските граѓани кои и покрај корона предизвикот се одлучиле да заминат на дочек на Нова Годиан во соседна Бугарија треба да знаат дека по хотелските забави се забранети, а вечерата ќе се служи до 22 часот. Максимум шест лица ќе можат да седат на една маса во ресторан. И повторно, растојанието меѓу нив ќе треба да се одржи.

Гостите во хотелите треба однапред да бидат свесни дека за новогодишната ноќ единствено што е дозволено во рестораните ќе бидат оброците. Бројот на туристи во Банско во моментов е критично мал. Деловните пресметки покажуваат дека зафатеноста на хотелите е околу 10-15 проценти, а издатоците што ги имаат хотелите, дури и ако се затворени, достигнува 3-4 илјади лева месечно, додаваат сопстевниците на хотели во Бугарија.                                               Ал.Н.