На 25 декември со почеток во 19 часот во Кинотеката на Македонија ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Ѓулчинар Илхами Емин“ посветен на животот, уметноста и делата на турскиот поет, писател и човек од културата Илхами Емин. Филмот е во режија Исмет Арасан, додека пак оригинална музика во филмот е дело на Ердал Ѓунеј. Директор на фотографија е Мустафа Кемал Коркмаз-Танер Акчил, а илустратор е Динч Онур Ајдин.

Илхами Емин е турски поет, писател и новинар од Македонија. Роден е во Радовиш на 8 Август 1931 година. Своето образование го започнал во Средно економско училиште во Скопје, а потоа дипломирал на Високата педагошка академија во Скопје, на отсекот Македонски јазик и книжевност.

Ilhami Emin 3Илхами Емин на Балканот е познат како еден од најстарите културни дејци, поточно како балканскиот чинар. Во литературните кругови е познат како ,,поетот на розата” бидејќи на зборот роза и` дал ново значање, особено заради употребата на метафората на розата во неговата поезијата. Исто така, Илхами Емин се смета за еден од изворите за културата, историјата на суфистичкото движење на Балканот.

Освен турскиот јазик, тој ги владее и македонскиот, бугарскиот, хрватскиот, српскиот и рускиот јазик. Започнал како учител во основното училиште ,,Тефејуз“, а потоа Ilhami Emin 2работел во весниците ,,Бирлик“ и ,,Нова Македонија“. Емин е основач и уредник на месечното списание ,,Сеслер“, а бил одговорен за турската редакција при МРТВ, како и во весникот „Бирлик“. Елхами Емин исто така бил директор на Турскиот театар во Скопје, како и потсекретар при Министерство за Култура во Македонија.

Во неговата богата кариера се вбројуваат и преведувачките ангажмани за Јосип Броз Тито и претседателот на Република Македонија, г. Киро Глигоров. Има објавено повеќе дела како и драмски претстави кои биле поставени на сцената на Турскиот театар во Скопје, но исто така и ги превел делата на Евлија Челебија, ,,Основањето на Отоманската Империја“ на Ф.Копрулу, како и делата на Назим Хикмет, Орхан Памук, Ибн-и Рушт и Ахмет Јесеви.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои е ПЕН Ilhami Emin 4награда во Македонија во 2011 година, како и ,,Награда за најдобар роман Кочо Рацин” во 2012 година. Илхами Емин на турски јазик своето творештво го објавува и на веб страницата http //yeniakinciblog. com/, додека пак неговите спомени се објавени во книгата „Балканот и Турците“ (Рифат Емин Сипахи). За делото на Илхами Емин, пом. доц. д-р Назли Рана Ѓурел и пом. поц. д-р Зеки Ѓурел во 2016 година ја напишаа книгата ,,Ѓулкаја“.

Документарниот филм Ѓулчинар Илхами Емин е поддржан од страна на Министерство за култура и туризам на Република Турција и Министерство за култура на Република Македонија.

ИСМЕТ АРАСАН е независен режисер и писател.Роден е во 1959 година во Чаталџа. Беше ученик на доаените на турската филмска уметност. Дипломирал на МСУ, Факултет за уметности отсек Кинематографија и телевизија. (1985) Воедно работи како помошник режисер со режисерите Халит Рефиг, Окан Ујсалер и Суха Арин. Реализирал повеќе од 30 документарни филмови. Особено е познат по документарните филмови што се насочени кон човекот и кон културни теми кои се помалку познати. Неговите филмови се прикажани во повеќе телевизии и фестивали во и надвор од државата, а е добитник на повеќе награди за истите. На многу светски уиверзитети предавал за кинематографија. Има објавено една книга со поезија „Зеленика“.

НАГРАДИ:

*1988 – ,,Награда за успех во кинематографија“, Министерство за Култура и Туризам на Р. Турција

*1994 – ,, Прва награда“, Историска фондација & ИММ, Прв фестивал на краток филм

*2001 – ,,Проект на документарен филм прва награда”,  Втор фестивал на документарен проект – Алтинсафран.

*2008 – ,,Најдобар документарен филм”, ЗЛАТЕН ПОРТОКАЛ, 45 филмски фестивал Анталија.

*2009 – ,,Специјална награда”, ТРТ. Прва меѓународна награда за документарни филмови.

*2017 – „Најдобар документарен филм”, Деветти фестивал на турски филмови во Монтреал.